logo

За нас

Нашата главна цел е да обезбедиме ефикасни и флексибилни решенија кои ќе помогнат во мониторингот на корпоративните возила и контролата на нивните возачи со цел брзо и радикално намалување на корпоративните трошоци, зголемена продуктивност и подобрена ефикасност на работењето.

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ОДНОСОТ ПОМЕЃУ ДРУШТВОТО ЗА ТРГОВИЈА И УСЛУГИ ГПС СИСТЕМИ МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ ЗА УСЛУГИТЕ КОИ ГИ ДАВА И КЛИЕНТИТЕ

 

(со важност од 23.01.2018)

 

I. ПРЕДМЕТ И ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
1. Овие општи правила и услови за давање на услуги од страна на ГПС СИСТЕМИ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје, со ЕМБС: 7216106 (во понатамошниот текст само “ГПС СИСТЕМИ” или “Давател на услуги”) го уредуваат односот помеѓу ГПС СИСТЕМИ и соодветниот Клиент или Корисник заедно со посебниот договор за давање на ГПС телематски или други услуги овозможени од страна на Давателот на услигите (во понатамошниот текст само “Услуги”).
2. Услугите се вршат преку уред за електронска сателитска триангулација (позиционирање) со опција за поврзување во реално време со серверот на Давателот на услугата преку и зависно од можноста за јавна мобилна копнена мрежа согласно GSM, UMTS и/или LTE стандардот (“Мобилна Комуникација”) на кој што уред може да постојат и споредни уреди за следење и/или контрола на други технички параметри (“ГПС опрема”) инсталирана на објектот на Клиентот (“Објект”). Клиентот ќе ги користи Услугите преку индивидуален пристап на интерфејс овозможен од страна на Давателот на услугите (не-ексклузивна лиценца за користње на софтвер дадена за времетраењето на Поединечниот договор) преку кој Клиентот ќе ги чита податоците пренесени од ГПС опремата до серверот на Давателот на услугата. Услугата може исто така да вклучува и продажба или изнајмување на ГПС опремата, инсталација и одржување и други услуги определени во договорот постигнат помеѓу Договорните страни. Користењето на Мобилната Комуникација како опција заедно со Услугите ќе се врши врз основа на на правно воспоставена врска помеѓу Клиентот и Операторот за Мобилна Комуникација согласно посебен договор склучен помеѓу Клиентот и Операторот на Мобилната Комуникација, врз основа на тристран договор склучен помеѓу Клиентот, Давателот на услугите и Операторот на Мобилната Комуникација или преку пренос на правото на Давателот на услугата на Клиентот за користење на дел од мобилниот комуникациски припејд пакет (база на податоци) – или привремено или за времетраењето на Поединечниот договор.
3. “Клиент”, во смисла на овие Правила и Услови е физичко лице со деловна способност или правно лице со стекната правна и деловна способност кое што склучило договор за користење на Услугите со Давателот на услугата. Корисник е било кој корисник на услугите кој може да биде Клиент или било кое друго физичко лице на кое Клиентот му овозможил пристап до одредена ГПС опрема или Услуга.
4. Договорот за давање на Услуги како целина е склучен помеѓу Клиентот и Давателот на услугите и се состои од одредби потпишани и прифатени од Договорните страни, а е составен од следните документи: (a) овие општи услови и правила, (б) Посебен Договор, (в) прифатена Нарачка на услуги во која се наведени избраните услуги, нивните варијанти и други материјални одредби (“Нарачки”), (г) прилози, дополнувања на договорот и други слични документи за измена на Договорот склучен меѓу Договорните страни, (д) Протокол за достава и прифаќање. Истиот произведува правно дејство за Договорните страни од датумот наведен во секоја Нарачка. Новите Нарачки не го менуваат дејството на Договорите склучени врз основа на претходните Нарачки освен доколку изрично не е поинаку определено или недвосмислено произлегува од содржината на новата Нарачка (на пример, нова Нарачка за одреден Објект која содржи одредби кои се некомпатибилни со претходната Нарачка).

 

II. УСЛУГИ
5. Давателот на услугата треба да му обезбеди на Клиентот Услуги од своето портфолио во согласност со применливиот стандард, техничките можности, достапните можности од трето лице – Операторот на Мобилната Комуникација и нивото на технологијата на Објектот во кој ќе се инсталира ГПС Опремата. Секоја услуга вклучува основен износ на истовремен пристап се до постигнување на максимумот еднаков на бројот на ГПС уреди. Функционалностите на услугите до кои ќе има пристап секој Корисник ќе бидат договорени помеѓу страните. Секој дополнителен истовремен пристап се наплаќа во согласност со дефинираната цена од ценовниокот во согласност со бројот на пристапи определени во Посебниот Договор или Нарачката.
6. Услугите кои ќе ги користи Клиентот ќе бидат наведени во Нарачката, која треба да биде потпишана од Клиентот пред склучувањето на договорот за давање на услуги со Давателот на услугите. Нарачките кои ќе бидат одобрени и потпишани од Давателот на услугите се сметаат за составен дел од договорот за давање на услуги потпишан помеѓу Клиентот и Давателот на услугите.
7. Клиентот ќе има право да ги користи Услугите кои можат да се користат надвор од територијата на покриеност на Мобилната Комуникација по активирањето на тарифниот план за роаминг. При користењето на услугите во роаминг, можни се два модули на пренос на податоци од ГПС уредот: опција 1 – онлајн модул – континуиран пренос на податоци, независно дали возилото се движи на територијата на Република Македонија или надвор. Доколку СИМ картичката се регистрира на мрежа на странски мобилен оператор, преносот на податоци од ГПС уредот ќе се врши преку активниот роаминг пакет; Опција 2 – офлајн модул – ГПС уредот автоматски ќе престане со преносот на податоци кога ќе се регистрира на друг оператор за мобилна комуникација. Податоците во овој случај се зачувуваат на внатрешната меморија на уредот кои што потоа автоматски се пренесуваат кога уредот ќе се регистрира на домашната мрежа, а по поднесено барање податоците можат да се симнат и во било кое време. И во двата модули Клиентот може да добие позиција на возилото во вистинско време со поднесување на барање за ажурурање на позицијата во системот. Секое барање за ажуриразње на позицијата креира кратка СМС порака која се наплаќа дополнително на месечниот надоместок кој го плаќа Клиентот, зависно од основниот роаминг тарифен план.
8. Даватателот на услугите има право:
а. да ги прима, чува, користи и дава на трети лица податоците кои истиот му ги овозможува на Клиентот и Корисникот заради остварување на целите на овозможување на Услугите и за наплата или располагање со своите побарувања кои ги има од Клиентот;
б. да прави измени во технологијата и функционалностите на Услугите и да го проширува обемот на Услугите кои се даваат. Во случај ГПС опремата која се користи од Клиентот и/или СИМ картичката да не дозволуваат целосно користење на новите Услуги, замената на ГПС опремата и СИМ картичката со нови ќе биде на трошок на Клиентот;
в. времено да ги запре Услугите заради превенција или санирање на технички проблеми ;
г. во секое време да ги измени или дополни функциите на Услугите;
д. да одбие да инсталира ГПС опрема или да ги активира Услугите доколку увиди недостаток на техничка способност или неисправни уреди во Објектот. Во случај таквиот недостаток да не биде откриен за време на инсталацијата, без оглед на причината за тоа, или пак истиот се јави во понатамошниот период, Давателот на услугата нема да биде одговорен за достапноста и квалитетот на Услугите засегнати од таквиот недостаток;

 

III. ЦЕНА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
9. Износот кој Клиентот ќе му го должи на Давателот на услугите за користењето на Услугите ќе биде утврден врз основа на цените наведени во Нарачката приложена кон договорот за услуги и/или согласно тековниот важечки ценовник на Давателот на услугите зависно од видот и обемот на Услигите.
10. Во случај Клиентот да ја закупува ГПС опремата од Давателот на услугата врз основа на договор за закуп или лизинг, Клиентот ќе биде должен да му ја плати на Давателот на услугата единечната цена по уред, помножена со нето количината на закупената опрема, земајќи го датумот на доставата и инсталацијата како релевантен ден за плаќање, согласно цените, одредбите и условите и определени во соодветниот договор.
11. Клиентот е обврзан да му ја плати на Давателот на услугите цената за бараните Услуги и/или ГПС опрема согласно цената определена во Нарачката во рок од 10 (десет) работни дена од денот на приемот на фактурата или во рокот за доспеаност на фактурата определен во писмена форма од страна на Давателот на услугата. Во секој случај давањето на Услугите започнува или продолжува (зависно од случајот) по приемот на уплатата. Доколку фактурата е испратена преку е-пошта на адресата определена од Клиентот, се смета дека фактурата е примена најдоцна наредниот ден по денот на уредниот пренос на истата како електронски документ или хиперлинк до електронски документ. Во случај фактурата да е доставена до Клиентот преку електронска платформа која ја раководи трето лице – провајдер за размена на електронски документи и/или хиперлинк на Интернет, Клиентот има обврска навремено да изврши регистрација (доколку електронската платформа бара регистрација) по приемот на соодветното известување за тоа.
12. Во случај на делумна уплата или доцнење со уплата, Клиентот покрај главницата ќе должи и законска казена камата за секој ден задоцнување по истекот на рокот за плаќање. Во случај Клиентот да доцни со уплатата подолго од 7 дена по истекот на рокот за доспеаност, Давателот на услугите има право да му го забрани пристапот на Клиентот, при што Клиентот ќе биде должен да плати надоместок и за периодот во кој што Услугите му биле запрени поради доцнење со уплатата.
13. Клиентот има право да биде известен од страна на Давателот на услугите за износот кој го должи за користените Услуги и доставената ГПС опрема.

 

IV. ОБВРСКИ НА КЛИЕНТОТ
14. По пат на овој Договор Клиентот ги презема следните обврски (заради разјаснување, истото се однесува и на соодветните Корисници), а во случај на непочитување на било која од долунаведените обврски, користењето на Услугите може да биде запрено или целосно одземено од страна на Давателот на Услугите:
▪ да му го стави на располагање на Давателот на услугите соодветниот Објект и/или да му овозможи на Давателот на услугите пристап до секој Објект на претходно договореното место и време заради преглед и/или инсталација на ГПС Опремата на таквиот Објект;
▪ да не ја отстранува, преинсталира и/или користи СИМ картичката инсталирана во ГПС уредот на други терминални уреди;
▪ да не ги открива на трети лица или да не дозволи откривање на пасвордот за пристап до софтверскиот систем на Давателот на услугите. Пристапот кој му овозможува на Клиентот и Корисникот да се идентификуваат и да пристапат до Услугите е личен, непренослив и доверлив, и истиот е одговорност на Клиентот кој треба да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на таквиот пристап. Секое користење на пристапот е единствена одговорност на Клиентот, а Давателот на услугата не е одговорен за било какви последици кои би можеле да настанат заради неовластената употреба на пристапот од страна на трето неовластено лице;
▪ да не ги пренесува своите права или обврски врз основа на овој Договор освен доколку Давателот на услугата не му даде согласност во писмена форма;
▪ навремено, а најдоцна во рок од 24 часа, да го извести во писмена форма Давателот на услугата преку е-пошта: info@gps-systems.mk или на адресата на регистрираното седиште, за настанување на било која од следните околности:
i. во случај на промена на регистрацијата на Објектот (кога Објектот е возило) или промена на сопственоста на Објектот;
ii. во случај на сообраќајна несреќа, загуба, уништување, кражба или друг осигурителен настан на соодветниот Објект;
iii. во случај на технички недостаток на ГПС опремата.
▪ Да не го нарушува интегритетот на ГПС опремата, да не се обидува да ја отвори и/или да ја отстрани СИМ картичката инсталирана во опремата и да не ги уништува гарантните налепници;
▪ да ги плати сите износи кои ги должи во врска со користените Услуги во согласност со условите за плаќање договорени во Нарачката / Посебниот договор за услуги;
▪ Клиентот има обврска јасно и недвосмислено да ги извести лицата кои го користат Објектот за постоењето на ГПС опремата за следење, вклучувајќи, зависно од услугите кои ги користи Клиентот, и за постоењето на СИМ картичка за пренос на податоци во вистинско време и/или аудио пренесување од Објектот;
▪ да го користи софтверот даден за користење на Услугите како не-пренослив и не-ексклузивен и само за приватна/внатрешна употреба на Клиентот. Клиентот и Корисникот немаат право да прават копии, да го демонтираат, преведуваат, менуваат, откриваат, објавуваат, да го прават достапен, да издаваат под-лиценца, продаваат, пренесуваат декодирање или да прават обид за декодирање на кодот, фајловите или структурата во целина или цел од софтверот или да го користат на било кој друг начин кој не е изирчно дозволен со овој Договор.

 

V. ОБВРСКИ НА ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГИТЕ
15. Давателот на Услугите ги има следните обврски:
1. да овозможува Услуги на начин определен во Договорот за услуги во договорениот износ и квалитет;
2. да ја достави ГПС опремата нарачана од Клиентот согласно достапнооста и во согласност со договорените технички карактеристики ;
3. да ја инсталира нарачаната ГПС опрема на Објектот даден за таа цел од страна на Клиентот во согласнсот со роковите и техничките карактеристики однапред договорени меѓу страните и да му даде на Клиентот упаства за користење доколку природата на опремата го бара тоа;
4. да издаде протокол за достава и прифаќање по извршувањето на било каква услуга на ГПС опремата на соодветниот Објект;
5. да овозможи сервис во гарантниот рок (согласно условите определени во гарантниот лист или посебниот договор за услуги, под услов Клиентот редовно да ги плаќа паричните обврски кон Давателот на услугите) како и пост-гарантен сервис на ГПС опремата по цени определени во тековниот ценовник и врз основа на Нарачката испратена од Клиентот;
6. да го извести Клиентот или Корисникот доколку е увиден технички проблем во инсталираната ГПС опрема или по дознавањето за друг настан заради кој давањето на соодветните Услуги не може да биде обезбедено;
7. да обезбеди далечински пристап на Клиентот до софтверската платформа заштитена со пасворд, за следење и добивање на податоци за параметрите од ГПС опремата зависно од активираните Услуги;
8. да не открива на било каков начин на трети лица, информации кои се однесуваат на индивидуални податоци поврзани со Опремата на Клиентот како: рути, кодови на Објект, броеви на СИМ картичка и слично освен доколку не е поинаку определено со закон.
VI. ПРЕНОС НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ
16. Во случај ГПС опремата да му биде ставена на располагање на Клиентот во врска со давањето на Услуги, истото не подразбира дека Клиентот стекнува право на сопственост на таквата опрема освен доколку истото не е поинаку договорено во писмена форма. По престанокот на Посебниот договор, Клиентот треба да му ја врати на Давателот на услугите ГПС опремата во целост и исправна работна состојба. Во спротивно Клиентот ќе биде должен да му ја плати на Давателот на услугите цената согласно тековниот ценовник. ГПС опремата дадена на употреба треба да биде наведена во Нарачката.
17. Во случај на продажба или лизинг на ГПС опремата, правото на сопственост од Давателот на услугите се пренесува на Клиентот во моментот на исплатата на сите пристиганти износи.
18. Ризикот од случајно пропаѓање или оштетување на ГПС опремата преоѓа на Клиентот во времето на инсталацијата на опремата во Објектот на Клиентот потврдено со протокол за достава и прифаќање потпишан од двете договорни страни или во моментот на доставата на опремата доколку овој настан се случил пред инсталацијата.

 

VII. ГАРАНЦИИ И БАРАЊА
19. Гарантниот период на нов ГПС уред изнесува 24 месеци, а за батеријата на ГПС уредот гарантниот период изнесува 6 месеци од денот на инсталацијата во Објектот потврдено со протокол за достава и прифаќање или во моментот на доставата доколку истата се случила пред инсталацијата.
20. Давателот на услугите не обезбедува гаранција во случај на оштетување заради несоодветна употреба, испаѓање, влијанија, намокрување или навлегување на влага, несоодветно чување од природни настани (бура, поплава, пожар) или други надворешни влијанија, отварање на ГПС уредот, обид за поправка од неовластени лица, проблем со електричното напојување на Објектот, напонско оптеретување на ГПС уредот кое може да се случи при заварување, надворешно палење на моторот со волтажа и сл. Во горенаведените случаи поправката е на трошок на Клиентот.
21. Сервисот во гарантиот рок треба да биде извршен во сервисни станици на Давателот на услугите или сервисни станици овластени од Давателот на услугите по претходно доставен протокол за достава и прифаќање на инсталацијата. Секој обид за поправка од неовластени лице доведува до откажување на гаранцијата.

 

VIII. ОДГОВОРНОСТ
22. Клиентот е одговорен за соодветна употреба и чување на ГПС опремата и СИМ картичката доставена со ГПС опремата.
23. Клиентот ќе биде одговорен за користењето на Услугите во согласност со релевантното законодавство и со добра намера. Давателот на услугите нема да биде одговорен за непочитување на законот, вклучувајќи и прекршување или ограничување на правата или слободите на поединци кои можат да настанат со користењето на Услугите од страна на Клиентот или Корисникот, вклучувајќи и користење за цели различни од целите за кои се даваат Услугите.
24. Давателот на услугите не гарантира непречен или целосен пренос на податоци до или од ГПС опремата и истиот нема да биде одговорен за штета настаната поради прекин во Услугите. Услугите не се наменети за заштита на луѓе, човечки животи или за други критични настани кои подразбираат непречен надзор. Услугите подразбираат користење на различни комуникациски мрежи, вклучувајќи и мобилни мрежи, како и интервенција на трети страни, независни едни од други и независни од Давателот на услугите, а од кои што зависи правилното функционирање на системот, па во овој контекст Давателот на услугите нема да има обврска ниту пак на било каков начин ќе биде одговорно за пропусти или проблем во работењето на комуникациските мрежи кои се користат (мобилна мрежа, Интернет мрежа и др.) Давателот на услугите презема обврска навремено да го извести Клиентот или Корисникот пред запирањето на пристапот до Услугите, доколку такквото запирање може да се предвиди.
25. Давателот на услугите ќе прави сериозни напори да ги заштите податоците за Објектите. Во секој случај, Давателот на услугите нема да биде одговорен за губење или протекување на податоци заради негрижа на Клиентот или Корисникот за заштита на дадените кодови и пасворди, како и во случај на активности на трети лица, како на пример хакирање или други сајбер напади.
26. Давателот на услугите нема да биде одговорен за исполнување на своите обврски во следните случаи:
1. во случај на нарушување на пристапот на СИМ картичката до соодветниот мобилен предавател, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на неплатени сметки, надминување на кредитен лимит, непокриеност на мрежа или друга причина на страна на Мобилниот Оператор без вина на Давателот на услугите;
2. во случај на пренос на сопственоста или користењето на Објектот и/или промена на регистрацијата (кога Објектот е возило), без Клиентот соодветно да го извести Давателот на услугите на начин и во рок определен во параграф 14, точка е од овие општи правила и услови.
3. Во случај интегритетот на ГПС опремата да е нарушен и/или е направена интервенција на ГПС опремата, вклучувајќи отстранување на СИМ картичката или механичко оштетување на гарантната лепенка;
4. во случај на делумна или целосна неможност за користење на Услугите предизвика од техничката можност на Објектот на Клиентот и/или оштетување на ГПС опремата;
5. во случај на проблем со пристапот до веб страницата на Давателот на услугата, вклучувајќи ја и www.gps-systems.mk, поради активност или пропуштање на Интернет операторот или хостинг услугата, уредот (комјутер и друго) кој го користи Клиентот или други проблеми со Интернет конекцијата;
6. во случај на картографски девијации или неажурирани картографски податоци;
7. во случај на користење на било која Услуга која бара интеракција на Корисникот за време на движење на Објектот (користењето на Услугите кои бараат интеракција на возачот треба да се користат само во време на мирување на возилото, освен функциите кои не бараат интеракција од возачот);
8. во случај на потешкотии кои произлегуваат од неадекватноста на компјутерот на Клиентот, негов дефект или злоупотреба или било какви други потешкотии или доцнења при користењето на Интернет.
27. Давателот на услугите нема да биде одговорен за користење на СИМ картичката, на начин кој ќе доведе или може да доведе до времено или трајно губење на дефинираните карактеристики на ГПС опремата или до зголемени трошоци за Клиентот.
28. Ниту една од Договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на одредбите од овој Договор заради причини на виша сила (vis major).

 

IX. ПРЕКИН НА ДОГОВОРОТ
29. Давањето на услугите, а врз основа на тоа и овој Договор за услуги склучен помеѓу Клиентот и Давателот на услугите ќе престане во следните случаи:
1. еднострано од страна на Давателот на услугите во случај на целосна невозможност за давање на услугите заради техничките можности на Објектот;
2. еднострано од страна на Давателот на услугите по промена на правото на сопственост или правото на користење на Објектот, освен во случај кога новиот сопственик ќе го замени Клиентот врз основа на писмен договор склучен со Давателот на услугите;
3. по губење или оштетување на Објектот поради виша сила;
30. во случај Клиентот или Корисникот да не ги исполнуваат своите обврски согласно овој Договор, вклучувајќи и доколку по нивно барање или вина овој Договор е раскинат пред истекот на времетраењето за кое е склучен, Давателот на услугите има право на надоместок на износот за преостанатите плаќања за времетраењето од денот на раскинувањето на Договорот се до истекот на договорениот рок за кој првично бил склучен овој Договор.
31. Во случај кога договорот е раскинат поради вина на Давателот на услугите, казните за предвремено раскинување на договорот не се применуваат.
32. Во случај Клиентот да не го известил Давателот на услугите во писмена форма и во рок од последниот месец за наплата, дека истиот има намера да го прекине овој Договор или дека користењето на Услугите не се продолжува со договор меѓу Договорните страни за нов рок под одредени услови, користењето на услугите согласно овој Договор ќе продолжи за неопределено времетраење под истите услови и може да биде раскинат во секое време со писмено известување и отказен рок од еден месец од било која Договорна страна без плаќање на казна.

 

X. ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ
Давателот на услугите има право еднострано да ги измени овие правила и услови, а во таков случај има обврска да го извести Клиентот за промената со објавување на истите на веб страницата www.gps-systems.mk. Измените ќе влезат во сила во однос на постоечките Клиенти од денот на нивното објавување на назначената веб страница или на подоцнежен датум определен во самите измени.

 

XI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
34. Овие правила и услови, како и сите Нарачки и Прилози потпишани од Договорните страни се сметаат за составен дел на Посебниот договор за услуги склучен помеѓу Клиентот и Давателот на услугите.
35. Со потпишувањето на овој Договор, страните се согласни дека Давателот на услугите е овластен:
1. да ги собира и процесира податоците на Клиентот и Корисникот во согласност со Законот за заштита на лични податоци и друга применлива регулатива за обезбедување на телематски услуги;
2. да ги користи податоците на Клиентот и Корисникот за праќање на маркетинг и рекламни пораки поврзани со неговите производи и услуги, како и да испраќа било какви други информации поврзани со Клиентот.